Клиничка дерматологија

Папиломи

Кожните папиломи се бенигни тумори на кожата и не се поврзани со карцином. Тие не се пренесуваат од човек на човек. Се размножуваат и се шират во исто лице, по триење или повреда на пределот.

Обично се меки, со стебленце (корен) и боја како нормална кожа или кон кафена. Се појавуваат главно на лицето, вратот, пазувите, градите и препоните. Папиломите обично се асимптоматски и не се поврзани со зголемен ризик од развој на рак на кожата.

Третманот се состои во отстранување на папиломите, главно од естетски, но и функционални причини.

Кои се главните методи за отстранување на папиломите?

  • Употреба на CO2 хируршки ласер,
  • криотерапија,
  • Хируршка ресекција со ножици.