Пластична операција

Лифтинг на лицето и вратот

Под овој термин подразбираме хируршка техника со која опуштените ткива на лицето и вратот се исправаат и се фиксираат во нова положба, што резултира со помлада и поцврста кожа. Лифтингот не ги коригира брчките на челото или спуштањето на очните капаци и коските на веѓите, туку само пределот од јаготките и долу. Операцијата се изведува под општа анестезија и често се комбинира со блефаропластика. Целосното отекување на лицето се смирува за 3-6 месеци.